Погина Алекс Манингер

Од:

Фудбалскиот свет е потресен од веста за трагичната смрт на поранешниот австриски голман Алекс Манингер (49), кој загина во тешка сообраќајна несреќа во близина на Салцбург.

Според достапните информации, возот удрил во неговиот автомобил, кој бил целосно уништен во судирот.

Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот и се обиделе со реанимација со помош на дефибрилатор, но и покрај напорите на лекарите, Манингер не можел да се спаси – бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Манингер остави зад себе богата и разновидна кариера, во која бранеше за бројни европски клубови. Својата професионална кариера ја започна во Салцбург, а потоа играше за Грајзер, пред да направи голем скок и да стигне во Арсенал, каде што еден период беше замена за легендарниот Дејвид Симан.

Низ годините ги носеше дресовите на бројни клубови низ Европа, вклучувајќи ги Фиорентина, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена и Удинезе. Значаен дел од својата кариера го помина во Јувентус, каде што остана четири сезони, како и во германски Аугсбург.

Тој ја заврши својата професионална кариера во 2017 година како член на Ливерпул.

Забележа 33 настапи за австриската репрезентација, оставајќи значаен белег и на меѓународната сцена.

Би можело да ве интересира

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ

Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг (19) загина на трката во Португалија – директен судир

Предраг Петровиќ

Пазарот полуде: Три трансфери над 100 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Чиро Имобиле ја заврши кариерата на 36 години: Семејството на прво место

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА