Пропадна велгденското примирје: Украина и Русија се обвинуваат за напади

Од:

Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето договорено за православниот Велигден. Додека гувернерите на двата руски гранични региони тврдат дека пет лица се повредени во нападите со украински беспилотни летала, украинската армија наведува дека руските сили го прекршиле договорот дури 469 пати, пишува Скај њуз.

Гувернерите на руските региони Курск и Белгород, кои граничат со Украина, објавија дека пет лица се повредени во нападите со украински беспилотни летала. Александар Хинштејн, гувернер на Курската област, изјави дека украински беспилотен авион погодил бензинска пумпа во градот Лгово, при што биле повредени три лица, меѓу кои и едно дете.

Хинштејн нагласи дека нападот се случил откако стапил во сила прекинот на огнот. Во соседната област Белгород, гувернерот Вјачеслав Гладков објави дека две лица се ранети во нападите со украински беспилотни летала.

Од друга страна, украинската армија тврди дека руските сили ги прекршиле условите на 32-часовното примирје дури 469 пати. Според нив, прекршувањата вклучуваат офанзивни акции, гранатирање и напади со беспилотни летала.

Прекинот на огнот го објави рускиот претседател Владимир Путин во четврток и стапи на сила во сабота во 13 часот по Гринич. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се согласи да го почитува прекинот на огнот. Непосредно пред почетокот на прекинот на огнот, Украина и Русија разменија по 175 војници.

Размената се случи во време кога мировните преговори предводени од САД беа заглавени поради војната на Блискиот Исток. Американските и иранските преговарачи се состанаа во Пакистан во саботата во обид да ја завршат нивната шестнеделна војна.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води