Граѓаните ќе имаат можност кај својот матичен лекар да потпишат изјава за согласност за дарување на органи

Од:

На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување – соопшти Министерството за здравство.

Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица што може да бидат живи донори на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта. Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на органдонорството како највисок акт на човекољубие со кој се спасуваат човечки животи. Целта е волјата на граѓанинот да биде примарна, системот да биде потранспарентен и подоверлив, а личната одлука да се врати онаму каде што ѝ е местото – кај самиот човек – појаснува министерот Алиу.

Предвидено е и воведување национална листа, која ја води Министерството за здравство во националниот систем за електронски евиденции во здравството, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст – информираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

А1он

(ВИДЕО) Д-р Штерјова Марковска: Oрганодарителството е чин на најголемо човекољубие

А1он

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи во скандалот со непотребните кариорируршки интервенции

Катерина Ѓуровски

Алиу: Човечки капацитети во здравството се создаваат за пет, за десет години

А1он

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки