(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не знае како го блокирале европскиот пат, како што ги обвинуваат од СДСМ, но, како што посочи, ја знае „таа реторика на СДСМ – тоа е мекото ткиво на македонскиот идентитет, тоа се тие мекотелни политики“ и порачува дека по следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија.

-Јас не сакав да се вклучувам во предизборието кај нашиот источен сосед иако тие би биле најсреќни јас да се вклучам во предизборието, но гледам дека СДСМ е жестоко вклучена и делува како општинска организација на некоја од партиите кои што се борат на изборите кај нашиот источен сосед. Со своите изјави и со својата реторика наместо да гледаат да им се допаднат на македонските граѓани и гласачи тие се повеќе гледаат да се допаднат на бугарските политичари, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Општина Илинден.

Нагласи дека „од СДСМ мислат оти ќе постигнат резултат колку повеќе ќе коленичат таму и колку повеќе ќе бидат снисходливи на дел од бугарските политичари“.

-Но, добрата вест е што после следните избори оваа политичка партија мислам дека ќе биде сведена на нивото под маргина и ќе биде маргинална политичка партија, порача Мицкоски.

Прашан кога ќе се прави реконструкција на Владата, рече дека очекува тоа да се случи во јуни, но посочи дека сега не може да коментира за обемот на реконструкцијата.

-Во текот на април прво планирам да го завршиме реструктуирањето на партијата. Веќе е завршен првиот круг на интервјуа и разговори. Следуваат разговорите во втор круг со мене, а потоа ќе има анкетирање, распрашување, па предлози до Извршниот комитет. Очекувам во април да заврши, а во мај – јуни да седнеме со сите коалициски партнери и даразговараме за реконструкцијата на Владата. Очкувам до крјот на јуни тоа да биде звршено, а обемот не би можел сега да го коментирам ќе зависи од анализата која што допрва ќе ја правиме, прецизира Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он