СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Од:

СДСМ денеска соопшти дека поднела иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за внатрешни работи, обвинувајќи дека со него се врши, како што велат, „брутална партизација на Министерството за внатрешни работи“.

На прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ оцени дека власта подготвува „план за изолација на земјата и грабеж на граѓаните“, тврдејќи дека по, како што рече, контролата врз обвинителството и судството, следува и целосна партизација на МВР.

„Додека криминалот и корупцијата царуваат, а скандали со дрога водат до врвот на власта, во МВР се спроведува операција за отстранување на професионалците и нивна замена со партиски послушници“, изјави Димитријевиќ.

Според него, со новиот закон се овозможува прераспределба на полициски службеници без јасни критериуми и без нивна согласност, при што, како што тврди, искусни кадри се деградираат на пониски позиции.

Од СДСМ велат дека се укинува кариерниот систем и се нарушуваат уставно загарантираните права на вработените, а дополнително се формирале и „партиски комисии“ кои ќе одлучуваат за вработувања и унапредувања.

Партијата обвини и за намалување на платите на полицајците, наведувајќи дека работното искуство повеќе не се пресметува во основната плата, како и дека се укинуваат одредени додатоци.

„Платата на полицаецот повеќе не зависи од закон и труд, туку од волјата на министерот“, рече Димитријевиќ, додавајќи дека се работи за модел сличен на оној од минатото.

СДСМ бара од Уставниот суд итно поништување на спорните одредби и стопирање на сите, како што ги нарекуваат, незаконски постапки што произлегуваат од законот.

Од партијата порачаа дека нема да дозволат МВР да се претвори во „партиски механизам“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО