(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Од:

Колку треба да поскапи лебот, колку треба да поскапат цените на храната за Христијан Мицкоски конечно да преземе мерки? Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните, вели дека владата ја следела состојбата додека цените растат, а стандардот на народот паѓа. Празните фрижидери и празните џебови не можат да го чекаат Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

– СДСМ навреме предупреди дека растот на цените на нафтата ќе предизвика бран поскапувања на храната. Денес тоа се случува. Поскапува лебот. Веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот. Мицкоски ги држи граѓаните во сиромаштија. Без мерки. Со најниски плати во Европа. Владата одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Од овој месец минорни 1.667 денари ќе биде покачувањето на платите.

Во оваа скапотија – тие пари немаат никаква вредност. 2 килограми домати, 2 килограми краставици, табла јајца и 4 литри бензин, ете толку вредат 1.600 денари денеска. За само три месеци, растот на цените изеде над 2.500 денари од буџетот на граѓаните.
Синдикалната минимална кошница достигна речиси 68.000 денари. Сега ниту 600 евра плата не е доволна за граѓаните да можат да го преживеат месецот. Наместо да штити тесни бизнис интереси, Владата мора веднаш да преземе мерки и да ги прифати сите решенија на СДСМ: Намалување на ДДВ на горивата од 18% на 5%. Намалување на акцизата за 4 денари. 0% ДДВ за основните прехранбени производи. Преполовување на патарините. Граѓаните не можат да чекаат, рече Поповиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!