Кривичен суд ги повикува медиумите да избегнуваат сензационализам за случајот со Ивана и Катја

Од:

Од Кривичен суд повикаа медиумите да се воздржат од сензационализам во случајот со судењето на Стојанче Јовановски за смртта на Ивана и Катја.

– Во однос на тековното судење за предметот поврзан со трагичната смрт на мајка и дете во Скопје, а кој е постапка од јавен интерес, како и начинот на кој се известува од истиот и вчерашните реакции на известувањата, ја информираме јавноста дека:

Основниот кривичен суд Скопје, како за овој така и за сите останати предмети од јавен интерес, овозможува максимални услови за транспарентна и непристрасна постапка во рамки на Законски дозволеното. Судот нема овластување на било каков начин да им влијае на медиумите во нивниот начин на известување, туку, како и неколку пати досега, ги повикува, наместо сензационализам, да се придржуваат кон новинарската етика и професионализам во известувањето, што впрочем е препорака и од Советот за етика на медиумите, изразена токму за конкретниот предмет, се вели во соопштението од Судот.

Би можело да ве интересира

Случај „Ивана и Катја“: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето

Катерина Ѓуровски

Саздов: Стојанче и се закануваше на Ивана и ја уценуваше за Катја

Горан Наумовски

Сведокот тврди: Стојанче ѝ се закануваше на Ивана со експлицитни видеа

39 полицајци не постапиле законски по пријавите дека Стојанче ја тепа Ивана, утврди внатрешната контрола на МВР

Катерина Ѓуровски

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски

Мајката на Ивана со потресно сведочење: „Ќерка ми живееше во страв“

Горан Наумовски