Без победник на „Авива“: Македонија и Ирска одиграа 0-0

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без погодоци, против Република Ирска во пресметката меѓу двете селекции кои останаа без пласман по полуфиналниот бараж за Светското првенство 2026. Македонскиот тим делуваше значително посигурно во одбраната, но впечатокот е дека натпреварот немаше ниту приближно исто ниво на емоција и ритам како дуелот со Данска во Копенхаген.

Во 26.минута, Барди се обиде од слободен удар, но Келехер одбрани и исфрли во корнер. Две минути подоцна имаше речиси идентичен обид и од Фин Азаз на спротивната страна, но немаше закана за Столе Димитриевски, топката мина над гредата.

Ирците двапати имаа обиди преку Трој Перот, првиот пат шутираше со глава директно во Столе Димитриевски, а вториот пат беше тотално непрецизен откосо од десната страна.

Во 39.минута, Перот ја имаше најдобрата можност. Дарко Велковски не реагираше најдобро, напаѓачот на Ирска влезе во шанса, но повторно шутираше непрецизно од 12 метри.

Во 45.минута, Трој Перот постигна гол, но беше досудена офсајд позиција.

На почетокот на вториот дел, во Македонија шанса добија Дени Мусовски и Милан Ристовски во нападот, и Никола Серафимов во одбраната.

Во 50.минута, Трој Перот беше во шанса, но шутираше крај дирекот, а пет минути подоцна и Фин Азаз се обиде од далечина и исто така не беше прецизен.

Ирците притиснаа, Лијам Скејлс упати удар во 62.минута, но Бобан Николов блокираше со лизгачки старт.

Седлоски до крајот на натпреварот им даде можност на најголем дел од фудбалерите кои беа на клупата.

Мусовски беше во шанса во судиското продолжение, но не издржа во дуелот со противничките дефнзивци. На спротивната страна одлична шанса имаше Џони Кени, но Столе Димитриевски одбрани.

РЕПУБЛИКА ИРСКА – МАКЕДОНИЈА 0-0
Стадион „Авива“. Гледачи: 39.560. Судија: Иван Грифит (Велс). Жолт картон: Столе Димитриевски (Македонија).

Ирска: Келехер, Еган, Колинс, Оши, Колман, Најт, Молумби, Скејлс, Огбене, Азаз; Парот.

Македонија: Димитриевски; Зајков, Фетаи (65′ Муслиу), Велковски (46′ Серафимов), Херера, Алими (60′ Дориев), Костадинов (60′ Николов), Барди (46′ Мусовски), Чурлинов (60′ Рамадани – 71′ Бејтулаи), Елмас (60′ Станковски), Растодер (46′ Ристовски);

Би можело да ве интересира

Без голови по првото полувреме во Даблин

Младите фудбалери ја победија Ерменија

Данска ја елиминира Македонија со 4-0, крај на мундијалските надежи

Горан Наумовски

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Македонија ќе игра против Данска во баражот за пласман на Мундијалот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Преку Кардиф до Мундијалот: Македонските фудбалери во Велс по историја

Катерина Ѓуровски