Фудбалската репрезентација на Македонија игра 0-0 по првото полувреме против Република Ирска во Даблин, во мечот на двете поразени селекции од плејофот за пласман на Светското првенство.
Ова е дуел со многу помал психолошки притисок и тоа се чувствува во играта. Но, впечаток е дека Македонија добро ја контролира играта, не им дозволи на Ирците да создадат стопроцентна шанса, а имаше закана преку капитенот Енис Барди.
Во 26.минута, Барди се обиде од слободен удар, но Келехер одбрани и исфрли во корнер. Две минути подоцна имаше речиси идентичен обид и од Фин Азаз на спротивната страна, но немаше закана за Столе Димитриевски, топката мина над гредата.
Ирците двапати имаа обиди преку Трој Перот, првиот пат шутираше со глава директно во Столе Димитриевски, а вториот пат беше тотално непрецизен откосо од десната страна.
Во 39.минута, Перот ја имаше најдобрата можност. Дарко Велковски не реагираше најдобро, напаѓачот на Ирска влезе во шанса, но повторно шутираше непрецизно од 12 метри.
Во 45.минута, Трој Перот постигна гол, но беше досудена офсајд позиција.
