Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ја прекина негативната серија и славеше триумф на гости против Ерменија. Селекцијата на Горан Станиќ конечно одигра на високо ниво и ја оствари целта.
Мартин Ѓорѓиевски донесе водство за Македонија од пенал во 45.минута.
Во вториот дел, Адмир Љатифи постигна втор погодок во 76.минута за потврда на победата.
Ерменија остана со фудбалер помалку во финишот, кога исклучен беше Марк Аветисјан.
