Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Од:

Поднесена e кривична пријава против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4.000 евра од неготинец.

– ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против А.С., 67-годишник од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19 февруари во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите. Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото, а било извршено и препознавање од оштетениот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција

Уапсени се две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити

Хрватското обвинителство поднеде обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра