Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

Од:

Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство изразуваат загриженост за „де факто дискриминаторски карактер на законот“.

Израелскиот парламент донесе закон со кој се воведува смртна казна за Палестинците осудени за смртоносни напади, мерка што европските земји и организациите за човекови права силно ја критикуваа како дискриминаторска, пишува The Guardian.

Законот ја предвидува смртната казна како стандардна казна за Палестинците во Западниот Брег окупиран од Израел, кои се прогласени за виновни за намерно извршување смртоносни напади што воен суд ги смета за терористички акти.

Според предложениот закон, осудените на смрт ќе бидат сместени во посебен објект без посети, освен од овластен персонал, а правните консултации ќе се одвиваат исклучиво преку видео врска. Егзекуциите ќе се извршат во рок од 90 дена од пресудата.

Израел ретко ја користeше смртната казна, користејќи ја само во исклучителни случаи, а нацистичкиот воен злосторник Адолф Ајхман бил последното лице кое било погубено, во 1962 година.

Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, еден од најгласните застапници на законот, постојано носел значка во облик на јамка, што ги симболизира егзекуциите според предлогот. Тој го опиша бесењето како „една од опциите“ заедно со електричната столица или „евтаназија“, тврдејќи дека некои лекари понудиле помош.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот