Кијара Моки, професорка во средно училиште во Трескоре Балнеари, на северот од Италија, преживеа напад со нож од 13-годишен ученик благодарение на храброста на друг ученик на истата возраст, изјави таа во болницата.
Според неа, ученикот, додека таа се обидуваше да се одбрани и падна на земја, го нападна вооружениот напаѓач, го шутна и го принуди да избега, пренесува Анса.
– Без сомнение, тој е херој – изјавил адвокатот на професорката, Анџело Лино Муртас.
Професорката објасни дека нападот го изврши збунет 13-годишник, под влијание на социјалните мрежи, кој ја избоде во вратот и градите.
– Само храброста на другиот ученик го спречи најлошото – додаде Моки.
Професорката ги опиша и моментите на транспорт во хеликоптерот за брза помош. Таа рече дека беше трогателно да се види како учениците ѝ мавтаат низ прозорците на училиштето и ја изразуваат својата загриженост и изразија благодарност за донациите крв што ѝ овозможија да се опорави.
Официјалните податоци за состојбата на повредената професорка и мотивите на напаѓачот сè уште не се објавени.
