Алиу: Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети

Од:

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

-Неделава во охридската болница е отворен првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион. Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик, истакна министерот Азир Алиу во своето обраќање на стручниот симпозиум, во организација на научното здружение за обезност ОБЕМ.

На симпозиумот беше потенцирана потребата од подигнување на јавната свест и превентивно делување, како и за значењето на мултисекторската соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Алиу: Законот за тутун ги штити децата и непушачите

Горан Наумовски

Алиу: За првпат лекови за одвикнување од пушење на есенцијалната листа

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи во скандалот со непотребните кариорируршки интервенции

Катерина Ѓуровски

Алиу: Човечки капацитети во здравството се создаваат за пет, за десет години

А1он