Синот на Марадона: Мојот татко беше Бог, а Мектоминај е Исус!

Од:

Синот на Диего Армандо Марадона го пофали шкотскиот фудбалер Скот Мектоминај, прогласувајќи го за најважниот играч на Наполи по неговиот татко.

Споредбата отиде дотаму што изјави: „Ако Диего беше Бог, тогаш Скот е Исус“.

Шкотскиот играч од средниот ред остави длабока трага откако пристигна од Манчестер Јунајтед во 2024 година, што е потврдено со неговата номинација за Златната топка и титулата играч на годината во Серија А. Оваа сезона, тој продолжи со одлично темпо и постигна 11 гола со четири асистенции во 36 натпревари.

Неговиот победнички гол од 1-0 против Каљари минатиот петок беше повод за извонредните пофалби, по што Диего Армандо Марадона Јуниор го даде својот став за Телевомер.

„По мојот татко, Мектоминај е најважниот играч во историјата на Наполи“, рече Марадона Јуниор.

„Во Наполи го имавме Бог во Диего, но за мене Мектоминај е Исус. Тој е апсолутно клучен играч“ рече тој.

Колку е голем Диего Марадона во Неапол, сведочи фактот дека стадионот Сан Паоло беше преименуван во негова чест, само неколку часа по неговата смрт од срцева слабост во ноември 2020 година.

Мурали со неговиот лик сè уште ги красат ѕидовите на градот денес и претставуваат светилиште за фудбалските фанови ширум светот.

Аргентинецот го помина периодот од 1984 до 1992 година во Наполи, тоа се смета за најуспешната ера во историјата на клубот. Во тој период, Наполи освои две титули во Серија А, еден Куп на Италија (Копа Италија), Купот на УЕФА и Суперкупот на Италија.

Би можело да ве интересира

Соиграч на Елмас во Наполи: Фудбалот стана премногу мек, ме учеа цврсто да влегувам во дуели

А1он

Конте за конфликтот со Алегри: Ми рече дека сум имбецил и идиот

А1он

„Газета“: Нејмар во јануари се сели во Наполи?

А1он

Легендата на Манчестер Сити се сели во Наполи

А1он

Наполи сe шампиони на Италија

Горан Наумовски

Марадона не мораше да умре – неговиот лекар ја одби анализата која можеше да му го спаси животот

А1он