Калчолигашот Наполи го официјализираше назначувањето на италијанскиот стратег Масимилијано Алегри за нов тренер на клубот од Неапол.
Алегри седнува на клупата на местото на Антонио Конте, кој го предводеше Наполи изминатите две сезони, освојувајќи ја титулата во 2025 година.
„Наполи го поздравува Масимилијано Алегри како главен тренер на првиот тим“, соопшти клубот од Неапол.
Откако претходно во два наврати ги предводеше Јувентус (2014/2019 и 2021/2024) и Милан (2010/2014 и 2025/2026), 58-годишниот Алегри потпиша тригодишен договор со Наполи.
Минатата сезона Наполи заврши второпласиран на табелата, додека Милан под водство на Алегри беше петтопласиран и остана без место во Лигата на шампиони, откако во последното коло загуби на домашен терен од Каљари со 1-2.
Ден по шокантниот пораз, Алегри на 25 мај беше отпуштен, заедно со уште тројца членови на раководството на Милан.
