На екс вицепремиерот Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во рамки на истрагата за злоупотреби поврзани со Државна лотарија, потврдија од скопскиот Кривичен суд.
Според судот, мерката е продолжена по барање на Обвинителството, па на Груби му е определен домашен притвор со 24-часовен полициски надзор.
По повеќе од една година отсуство, Груби се врати во земјата кон крајот на февруари, а осомничен е заедно со поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, во случај поврзан со набавка на ВЛТ апарати.
Проценките на МВР се дека државниот буџет е оштетен за над 8 милиони евра.
Истрагата е во тек, а Груби се уште не дал исказ пред јавен обвинител.
Неговата одбрана е во завршна фаза на разгледување на доказниот материјал.
Екс функционерот претходно беше ставен на „црната листа“ на САД поради сомнежи за корупција.
