(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

Од:

„Мерката што денеска ја најави премиерот Мицкоски, да се намали ДДВ на горивата од 18% на 10% е прво задоцнета а второ е далеку од доволна и нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата кои што граѓаните ќе ги плаќаат. Цените на горивата веќе три недели се покачени. Прво дизелот се покачи за 14 денари, па потоа за уште 7 денари, и тоа се 21 денар. За утре се очекува ново поскапување на горивата. И имајќи го предвид ова намалување на ДДВ-то, тоа значи дека граѓаните нема да видат во текот на утрешниот ден, следната недела, следниот период вистинско намалување на цените на горивата кои што ќе ги плаќаат на бензиските пумпи. Туку горивото очекуваме да се зголеми за дополнителни 4 до 6 денари согласно новата пресметка на цената“ рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Според него ова е „апсолутно задоцнета и мерка која што никако нема да даде ефект кој што ќе го почувствуваат граѓаните. Досегашните покачувања на цените ги чинеа граѓаните околу 4,5 милиони евра. Толку пари досега дадоа граѓаните повеќе, од кога почна кризата. Се поставува прашањето што чекаше премиерот Мицкоски три недели? Сè поскапе затоа што не реагираше на време“.

„Три недели ги остави граѓаните сами. Наместо навремена реакција, дозволи цените на горивата да ја активираат спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на храната. Започнати се веќе поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм. И сега нема мерка за намалување на цените на храната. А овие цени кога еднаш ќе се покачат тие повеќе нема да се вратат назад. Се прашувам со кое лице без срам излезе премиерот пред граѓаните со само една половична мерка. За да ни зборува колкави се цените на горивата во соседството? Па со што се занимаваше премиерот изминатите три недели – со прослави на ЕПП на трошок на граѓаните, продолжен викенд, со спинови, дефокус, навреди, недоличен речник, напади врз мене, лично до опозицијата и секако со лагите дека сме биле четврта економија во светот“ рече Филипче.

Вели „дефокусот, лагите, спиновите не го полнат фрижидерот на граѓаните. Дефокусот не обезбедува намалување на цените на храната. Платите одби да ги покачи, одби 600 евра минимална плата колку што реално им се потребни на луѓето за да преживеат, да се прехранат. Денеска нема други мерки, следела владата будно. Што следи? Како тоне стандардот на граѓаните? Тоа ли следи премиерот? Очигледно е дека оваа влада намерно избегнува суштински мерки како што се намалување на акцизите на ДДВ-то, нешто што навистина може да даде реално поевтинување на цените на горивата, како и намалување на ДДВ-то на храната“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме