Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

Од:

Од полноќ во Словенија е на сила одлука за ограничување на точењето гориво на бензинските пумпи, со цел намалување на проблемите со снабдувањето на нафтени деривати.

Граѓаните можат да точат до 50 литри гориво дневно, додека правните лица и физичките лица кои се занимаваат со стопанство, вклучително и земјоделството, се ограничени на 200 литри дневно. Овие мерки ќе важат до понатамошно известување.

Владата ја активираше и словенечката армија, чиј персонал ќе учествува во снабдувањето и транспортот на горивото.

Дистрибутерите се повикани да координираат испораки од магацините до бензинските пумпи за да се забрза снабдувањето.

Трговците со гориво секое утро ќе мораат да доставуваат извештаи до владата за состојбата на бензинските пумпи. Властите потоа ќе одлучат дали се потребни дополнителни мерки.

Премиерот Роберт Голоб нагласи дека ограничувањата се наменети особено за странски државјани, при што владата им препорача на трговците да подготват мерки за странците.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Нови цени на горивата, бензините поскапуваат

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

А1он

Нови цени на горивата

(ВИДЕО) Недостиг на гориво низ Русија, во Москва станува сè потешко да се најде бензин

А1он

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски