Времен режим на сообраќај во недела во Аеродром поради атлетска трка

Од:

Во недела на 22 март во периодот во 7:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров“ и бул.„Србија“ до крстосница со ул.„Васко Каранѓелевски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

МВР: Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје

Поради меѓународна ноќна атлетска трка, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради фудбалскиот натпревар Македонија-Летонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Изменет сообраќаен режим на булевар „Србија“ поради снимање филм

Затворени улици и променети автобуски линии поради генералната проба за самитот на Обсе