Ја претворивте целата ваша територија во легитимна цел, порака за Украина од Иран

Од:

Шефот на парламентарниот комитет на Иран за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи, ѝ рече на Украина дека тие станале легитимна воена цел за Иран.

Од почетокот на војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел со Иран, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, постојано нудеше помош, особено во одбраната од иранските беспилотни летала „Шахед“, во кои тие имаат искуство со соборување.

Зеленски претходно објави дека експерти од Киев ќе патуваат на Блискиот Исток за да им помогнат на сојузниците, а судејќи според тврдењата на иранскиот пратеник, Украина веќе се приклучи на американско-израелската војна.

Во својата објава на социјалните мрежи, Азизи рече дека со поддршката на израелскиот режим, Украина се претворила во легитимна цел.

„Со обезбедување поддршка со беспилотни летала на израелскиот режим, пропаднатата Украина стана активен учесник во војната и, според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ја претвори целата своја територија во легитимна цел за Иран“, напиша Азизи на X.

Како одговор, украинското Министерство за надворешни работи ја нарече заканата „апсурдна“ во соопштение.

Би можело да ве интересира

Иран: Ормутскиот теснец ќе остане затворен додека не се исполнат условите

Џеј Ди Венс пристигна во Швајцарија на клучни разговори со ирански претставници

Москва тврди: „Израел е ранет и незадоволен – ќе се одмазди“

НАТО: Украинската воздушна одбрана собори само 17 проценти од руските ракети во мај

Трамп порача преку „Аксиос“: По војната со Иран, нема граници на мојата моќ

Медведев му порача на Киев: Нема повеќе правила во конфликтот со Украина