Тепачка меѓу малолетници во Скопје заврши со пукање

Од:

На подрачјето на Центар малолетник e физички нападнат од двајца малолетници, од кои едниот подоцна на подрачјето на Гази Баба репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска.

– Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син – информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Андоновски: Македонија засега без план за ограничување на социјалните мрежи за малолетници

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници

Инстаграм ќе користи вештачка интелигенција за да утврди дали децата-корисници лажат за својата возраст

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

А1он