Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Од:

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го уапсија А.Т.(45) од Дојран, кој се сомничи дека учествуваше во измама, во која е оштетена 81-годишна кавадарчанка за сума од 300.000 денари.

МВР соопшти дека на 5.3.2026, 81-годишната кавадарчанка пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати.

– Откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Во службен разговор, А.Т. го призна делото. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција

Уапсени се две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити

Хрватското обвинителство поднеде обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра