Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ – од нив 18.172 за брзо возење

Од:

Во текот на февруари констатирани се 19.066 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Од нив, за брзо возење се 18.172 прекршоци.

– Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 653 мерки забрана за управување со возило, од кои 220 се за минување на црвено светло, а 433 се за брзо возење, информираат од МВР.

Гледано по седмици, најголем број прекршоци се регистрирани во периодот од 2 до 8 февруари – 4.991, а најмал во периодот од 9 до 15 февруари – 4.490. По денови, најмногу прекршоци се регистрирани на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Во текот на минатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.

– Повеќето од прекршоците се регистрирани на подрачјето на град Скопје – 12.073 или 63,3 % од вкупниот број регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците е регистриран и на патните правци по должината на коридорите 8 и 10 – вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и други локации – 17 прекршоци – велат од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла

Од денеска казни од „Сејф сити“