Венс: Нема шанси да влеземе во уште една повеќегодишна војна на Блискиот Исток

Од:

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека „нема шанси“ какви било американски воени напади врз Иран да доведат до долгогодишна војна на Блискиот Исток.

Во интервју за „Вашингтон пост“, Венс рече дека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции – од воени напади за да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје до дипломатско решение – но дека САД нема да влезат во повеќегодишен конфликт.

„Идејата дека ќе бидеме во војна на Блискиот Исток со години без крај на повидок – нема шанси тоа да се случи“, рече Венс.

Тој се опиша себеси како „скептик за странска воена интервенција“, потсетувајќи се на своето искуство во војната во Ирак, но додаде дека САД не треба автоматски да ја отфрлаат секоја воена опција поради „грешките од минатото“.

Разговорите меѓу САД и Иран продолжија во Женева во четврток без конкретен договор, додека американското воено присуство во регионот е на едно од највисоките нивоа во последните две децении, објави „Вашингтон пост“.

Ванс во интервјуто, исто така, коментираше за дебатата во рамките на конзервативното движење за политиката кон Израел, наведувајќи дека отворената дебата е здрава за десницата.

Тој, исто така, се осврна на интервјуто на поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, со американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, оценувајќи дека тоа бил „добар разговор“ и покрај контроверзноста.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Венс: САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обновува својата нуклеарна програма

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

ВИДЕО: Во последните 24 часа, Американците испратија повеќе од 50 борбени авиони на Блискиот Исток

Спречен атентат врз Венс: Полицијата откри докази за сериозни закани