Кобилата Фенси, во сопственост на Пејџ Сигмон Блумер, е родена на 1 април 1988 година, а Блумер и Фенси го делат истиот ден на раѓање.
Тие се заедно откако Пејџ имаше 8, а Фенси 12 години.
Блумер достави докази за возраста на својот коњ до Гинисовата книга на рекорди, па Фенси сега е најстар жив коњ откако Баскаладо угина на 38 години во 2025 година, објави UPI.
„Никогаш не би поверувала дека на 33 и 37 години, сè уште ќе бидеме заедно и ќе споделуваме спомени за цел живот“, изјави Блумер за Гинисовата книга на рекорди.
„Се соочивме со многу здравствени проблеми како што Фенси старееше, но таа никогаш не се откажа и е толку решена, а јас, пак, никогаш не се откажувам од неа“ – порача Блумер.
Најдобриот пријател на Фенси е магаре по име Роузи, кое служи како водич за овој речиси слеп коњ.
„Фенси и Роузи се зближија како двајца стари пријатели“, рече Блумер.
„Се насмевнувам кога ќе замислам дека го поминуваат попладнето дискутирајќи за тоа што ги боли или потсетувајќи се на старите времиња“ рече таа.
„И двајцата се прекрасни стари души кои уживаат во секој ден поминат заедно на сонце и во друштво. Благодарна сум за секој ден поминат со нив“, додаде гордата сопственичка.
Најстариот коњ досега бил Стариот Били, кој угина на 62-годишна возраст во 1822 година, според Гинисовата книга на рекорди.
