Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација кои загинаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина пред 22 години.

-Дваесет и две години по трагедијата, со длабока тага повторно им оддадовме почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација, чии животи згаснаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина. Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како државник, лидер и добар човек, чии живот и политика се темелеа на принципи и вредности. Беше заколнат миротворец, борец за човекови права, длабоко веруваше во македонската европска иднина и демократијата. Неговата визија останува наша обврска, напиша на Фејсбук претседателката Сиљановска-Давкова.

Во знак на сеќавање и благодарност, претседателката претседателката се поклони пред вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Делегации оддадоа почит и на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населба Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци.

Би можело да ве интересира

Јанков: Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ