Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани

Од:

Советот за оценка на обвинителен акт при Основен кривичен суд Скопје донесе решенија со кои во целост ги одобри двата обвинителни акта поднесени од Основно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по што се формирани и два кривично-правни предмети, поврзани со пожарот во Кочани и со ИПАРД програмата.

Првиот предмет се однесува на 13 полициски службеници кои се товарат за „тешки дела против општата сигурност“, поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Со решението се одобрува во целот обвинителниот акт против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело – тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот кој на 16 март 2025 година се случи во објектот „Пулс“ во Кочани, се наведува во соопштението од Судот.

Вториот предмет се однесува на финансиски малверзации и примање поткуп во врска со европската ИПАРД програма.

-Обвинителниот акт е однеува против пет физички лица за различни кривични дела и тоа: давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против четири други физички и едно правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата, се посочува во соопштението од Кривичниот суд.

Предмети согласно АКМИС – системот ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе биде насрочени главна расправи по конкретните предмети, термините ќе бидат достапни преку Календарот за судење на веб страната на судот, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Судење „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

Пожарот во „Пулс“ се раширил за само 30 секунди предизвикувајќи општ хаос и стампедо кон единствениот излез

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Сведочење за „Пулс“: Александар Карадаковски станал управител „за да не пропадне лиценцата“

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи