Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата

Од:

Рекордни 129 новинари и медиумски работници беа убиени низ целиот свет во 2025 година, повеќе отколку во која било друга година, при што Израел е одговорен за две третини од тој број, соопшти денес Комитетот за заштита на новинарите (КЗН).

Израелската војска извршила повеќе целни убиства на новинари од која било друга војска во светот, при што огромното мнозинство од убиените се палестински новинари и медиумски работници во Појасот Газа.

– Новинарите се убиваат во рекорден број во време кога пристапот до информации е поважен од кога било. Нападите врз медиумите се јасен показател за напади врз другите слободи и треба да се направи многу повеќе за да се спречат овие убиства и да се казнат сторителите, рече Џоди Гинсберг, извршна директорка на Комитетот за заштита на новинарите.

Таа предупреди дека секој е изложен на ризик во ситуации каде што новинарите се убиваат додека ја вршат својата работа.

КЗН наведува дека повеќе од три четвртини од сите смртни случаи на новинари во 2025 година низ целиот свет се случиле во воени ситуации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

Од почетокот на војната во Газа, убиени се 262 новинари

(ВИДЕО) Израел уби двајца новинари во напад врз Либан

А1он

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски