Апелација го осуди управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи за вршење мобинг врз Анкица Стојановска Митровска

Од:

Правдата е понекогаш бавна, но секого го стигнува. Конечно една голема неправда која ми беше направена, денеска доби позитивен епилог.
Посебно се радувам на пресудата на Апелација во која се потврди МОБИНГОТ кој управителот на Алфа ТВ-Јани Бојаџи свесно го правеше врз мене. Психичка тортура, изолација, прераспределување на фиктивна работна позиција, работни задачи кои се бесмислени и немаат никаква оправданост…….на крајот нечовечки и со обезбедување да ме избрка од медиумот во кој работев цели 13 години, од кои последните четири на позицијата – Програмски директор.

Вака се пофали на својот Фејзбук профил Анкица Стојановска Митровска сликана заедно со адвокатката Маја Ристова. Таа за А1он накратко одговори дека ова е петти случај во Македонија за пресуден мобинг.

Конечно после 5 години , според информациите кои ги добив мојот е 5-от случај што во Македонија е пресуден мобинг. Поминаа цели 5 години и конечно заврши рочиштето за мобинг против Јани Бојаџи во моја полза, кој во период на ковид пандемијата (Корона) ме избрка од медиумот во кој работев посветено цели 13 години на најсуров можен начин (со обезбедување). Во време на пандемија ме остави на улица со две близначиња, но правдата кога тогаш пристигнува. Добив два тешки судски спора, каде и првиот беше пресуден во моја полза но јас посебно се радувам за мобингот. Последната година од работењето ми беше навистина стресна и не би сакала да се навраќам на тој период, искрено не би посакала никому да му се случи тоа што ми се случуваше лично мене. Жално е што денеска добив повици и од други лица кои се жртви на мобинг меѓу кои и мои колеги. Психолошкото насилство на работното место не е новитет во компаниите но мора да се направат некои законски измени и да се зборува јасно и гласно за оваа појава. Сметам дека работното место на моберите не треба да биде раководно и доколку е вработено лице во некоја компанија треба да биде строго контролирано, вели Анкица Стојановска Митровска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ