Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

Од:

Помал пожар избувна во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запали црево поврзано со плинска боца.

Настанот предизвика загриженост кај граѓаните кои во тој момент се наоѓаа во централното градско подрачје.

Според информациите, вработените реагираa навремено и со противпожарни апарати успеаja да го локализираат огнот пред тој да се прошири во останатиот дел од објектот.

На местото веднаш пристигнала Територијалната противпожарна единица од Кочани, чии припадници ги изнесоа плинските боци од просторот и дополнително го обезбедија теренот.

Поради чадот кој преку вентилацискиот систем се прошири кон дел од становите, неколку семејства од блок А во Трговскиот центар превентивно ги напуштија своите домови.

Интервенираше и полицијата, а надлежните служби вршат проверка за причините за настанот.

Според сведоци, благодарение на брзата реакција избегнати се посериозни последици.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски