Европската Унија има за цел да усвои нов пакет санкции против Русија во понеделник, изјави шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, на состанокот на групата земји Е5.
– Имаме за цел да го усвоиме 20-тиот пакет санкции против Русија, изјави Каја Калас, додавајќи дека претходните пакети санкции даваат резултати, објавува Гардијан.
Според неа, санкциите предизвикуваат сериозна штета на руската економија, а секоја нова мерка дополнително ја ограничува способноста на Москва да води војна.
„Москва не е непобедлива. Нејзината војска трпи рекордни жртви, а нејзината економија е под голем притисок. Но, Путин нема да ја заврши оваа војна сè додека трошоците не ги надминат придобивките, а тоа е точката до која мора да стигнеме“, изјави Каја Калас.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи санкциите на земјата против Русија за уште една година поради војната во Украина.
