Во ОВР Крушево е пријавено дека на ул.„Мише Ефтим“ во Крушево се случи сообраќајна несреќа во која патничко возило „опел” управувано од П.П.(36) од Прилеп, удри во пешакот С.А.(54) од Крушево.
По несреќата С.А. е пренесена во Општа болница „Борка Талески“-во Прилеп каде од страна на доктор се констатирани тешки повреди.
Увидот го изврши увидната екипа на ОВР Крушево.
