Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

Од:

Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС.
Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори, продуцираат магла, изјави владината портпаролка Марија Митева.

– Јас секогаш стојам на кажаното. Фактите се јасни, станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски е отфрлена, а барањето за надомест на штета е одбиено како неосновано. Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста. За разлика од СДС, ниту некогаш сум манипулирала, ниту ќе манипулирам со граѓаните. Мојот збор има тежина и е прашање на кредибилитет и личен интегритет.

Токму затоа е очигледно дека ваквиот тотално паничен настап произлегува од страв, страв од одговорност, страв од вистината и страв од прашањата на кои сè уште немаат одговор. Наместо да фабрикуваат конструкции, нека одговорат каде води случајот со 40 тони марихуана, кој сè бил вклучен. И уште низа други одговори за криминал и корупција кои како печурки после дожд секојдневно излегуваат. Јавноста заслужува одговори, а не политички театар. Нападите дека некој „управува“ со судовите потекнуваат од нивната долгогодишна пракса на такво практицирање, тоа време заврши. ас нема да учествувам во нивната игра на креирање лажни скандали. Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти. Политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги, вели Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Oд осум наследени арбитражи, три завршија во полза на Македонија, вели Митева

Горан Наумовски