Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Од:

Со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.

По изборот Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите.

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година. Tој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.

Toj е редовен професор на катедрата Римско право и предава неколку предмети, Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи; Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост, Правна реторика и аргументација.

Наумовски доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

А1он

Почина поранешниот претседател на Уставниот суд, Ѓорѓи (Гога) Николовски

Горан Наумовски