Алиу: Ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести, ќе има тригодишна набавка

Од:

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести и оти оваа година првпат ќе се прави набавка на лекови за овие пациенти за три години, поинаку од досега кога се набавувале само за една година.

– Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниеден граѓанин и ниедно дете нема да останат без потребните лекови и без медицински третман бидејќи тоа е наша обврска како Министерство за здравство, како држава и како Влада и свесни сме дека овие граѓани треба да се лекуваат од самото детство – рече министерот Алиу одговарајќи на прашање на пратеничката Бисера Костадиновска поврзано со намалување на средствата за ретки болести.

Министерот за здравство рече дека е зголемен буџетот за трансфер за знаење на лекарите за пациентите со ретки болести.

– Имаме средби со надворешни експерти, кои работат со нашите лекари, за да имаме нови методи и лекување на овие пациенти, не само во однос на лековите туку и за другите третмани кои се екосистем за здравјето на овие деца – рече Алиу на седницата за опозициски пратенички прашања.

Тој додаде дека има стандардизација на процедурите и секој лекар што ќе лекува пациенти со ретки болести треба да има стриктен протокол и софтвер што ќе го следи пациентот.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Алиу: Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик

Алиу: Заштитата на здравјето е приоритет, законот против штетите од тутунот помина во прво читање

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем