Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Од:

Советот на јавните обвинители ги разгледа пријавите и да даде мислења за петте кандидати за нов државен јавен обвинител.

Советот прва ја разгледа кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, притоа едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавeн обвинител или судиja од областа на кривичното право.

Советот даде позитивно мислење за кандидатурите на в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Во согласност со Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите што беа пристигнати во Собранието беа препратени до Владата, која потоа бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена до Владата по што таа до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

Би можело да ве интересира

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Застој во постапката: Советот не добил ниту една пријава за Државен јавен обвинител

Одложена седницата за избор на в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители треба да назначи вршител на должност на местото на Коцевски

Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател на Советот