Заложничка драма во САД, седуммина убиени

Од:

Најмалку 7 луѓе се убиени, а околу 20 ранети во заложничка криза во склоп на Sikh храмот во американската сојузна држава Wisconsin, во предградието на Milwaukee, Oak Creek.

Полицијата потврди дека и напаѓачот е убиен, но нема информации дали внатре во храмот има и другии вооружени луѓе.

Неколкумина се во тешка состојба откако биле ранети со огнено оружје. Според информациите погоден е и еден полицаец, а напаѓачот бил белец, со снажна градба.

Се смета дека во Brookfield храмот, за време на утринската молитва се собрале околу 100 луѓе. Денеска во храмот требаше да се одржи посебна манифестација за деца, а храмот требало да го посети и специјален претсваник од Индија.

Сикхизам е монотеистичка религија која во 15 век ја основал гуруто Нанак во регијата Панџаб на просторот на денешен Пакистан. Во САД има околу 250.000 следбеници на оваа религија.

Се смета дека во Brookfield храмот, за време на утринската молитва се собрале околу 100 луѓе. Денеска во храмот требаше да се одржи посебна манифестација за деца, а храмот требало да го посети и специјален претсваник од Индија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа