Ангела Меркел се враќа во политиката

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да биде кандидатка за сојузен претседател во 2027 година, пишуваат германските портали.

„Раководството на ЦДУ трепери: жешка гласина за нова висока позиција за Меркел“, „Дали ќе стане претседателка на државата? ЦДУ трепери поради гласините за Меркел од Зелениот камп“. Ова се насловите на утринските германски портали Bild.de и Focus.de кои одекнаа во германската јавност како бомба.

Пензионираната Ангела Меркел повторно е во центарот на политичките шпекулации во Германија, откако беше објавено дека поранешната канцеларка би можела да биде кандидатка за сојузен претседател во 2027 година. Иако нема официјална потврда од владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) или други партии, самиот факт што нејзиното име повторно се појавува на оваа улога предизвика бура од реакции на политичката сцена.

Bild пишува за „изненадувачки сценарио“ што циркулира во политичкиот Берлин, додека Focus зборува за можна кандидатура што би можела да го промени балансот на моќта по претседателските избори во 2027 година. И двата медиума нагласуваат дека станува збор за шпекулација, но дека идејата сериозно се разгледува во одредени кругови.

Во центарот на овие пресметки е односот помеѓу пензионираната Меркел и сегашниот канцелар Фридрих Мерц. Иако се од истата Христијанско-демократска унија (CDU), нивниот политички конфликт трае повеќе од две децении.

Меркел го маргинализираше Мерц во рамките на CDU на почетокот на 2000-тите, а нивниот конфликт никогаш не е смирен. По пензионирањето од политиката во 2021 година, Мерц ја помести партијата кон десно, подалеку од левоориентираниот центристички курс што ја одбележа ерата на Меркел.

Би можело да ве интересира

Челичната Меркел со совет до властите во Германија: Не се однесувајте како зајак замрзнат пред змија пред АфД

Меркел, Фон дер Лајен и Тедрос: На светот му е потребен нов договор за пандемии

Бибер: Пораките на Меркел за Македонија го покажуваат германското влијание врз проширувањето

А1он

Заев и Меркел на средба во Тирана: Македонија треба да ги започне преговорите, европската интеграција не треба да се одложува

А1он

Според Меркел, Македонија и Албанија ги исполниле поставените услови за да започнат преговори за членство

А1он

ВИДЕО: Премиерот Заев предводи владина делегација на работна средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана

Ана Ололовска