„Пратениците го блокираат законот за минимална плата“ – Синдикатите го блокираат Собранието

Од:

Со блокада на Собранието утрово започнаа најавените протести на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кои во наредните денови ќе продолжат со цел да извршат притисок за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на сите останати плати за 100 евра.

Од ССМ информираат дека се блокирани влезовите на Собранието и улицата пред законодавниот дом. Со акцијата, како што велат, сакаат да испратат порака до пратениците дека тие повеќе од една година го блокираат законот за зголемување на минималната плата, како и иницијативата за намалување на функционерските плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, утрово од пред Собранието изјави дека пратениците две години го блокираат предлогот на синдикатот за зголемување на работничките плати.

„Добро утро на сите освен на пратениците. Две години го блокираа предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за покачување на сите плати за најмалку 6.000 денари. Како што ветивме, денеска на две локации ќе ги блокираме за да не можат да дојдат до своите возила и да наплатуваат трошоци за превоз. Ќе мора да дојдат пешки или со јавен превоз. Според моите информации, дел од пратениците дошле рано на работа за да не се соочат со работниците, бидејќи се срамат од своите гласачи. Во меѓувреме, нивните плати може да се зголемат за повеќе од 9 отсто, па и до 12,6 отсто, доколку Уставниот суд ја укине владината уредба од минатата година“, изјави Трендафилов.

Тој најави дека блокадата ќе трае до почетокот на собраниската седница закажана за 11 часот.

Би можело да ве интересира

Патните трошоци на пратениците на месечно ниво се повисоки од минималната плата на еден работник, вели Пешевски

За повисоки плати, блокада на синдикатите пред Собранието

Катерина Ѓуровски

Синдикатите ќе блокираат, пратениците ќе дојдат пешки или порано

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

„Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев“ – Собранието утре под блоката на Синдикатите

Катерина Ѓуровски

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%