Трагедија на Алпите: Лавини однесоа четири животи

Од:

Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија.

Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина едно лице.

Во овој регион во сила е предупредување од трето ниво

Имаше инцидент и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица од група од пет скијачи, но благодарение на опремата, тие успеаја да се ослободат од снегот.

Сите инциденти се случија во денот што беше оценет како ден со висок ризик од лавини, а во сила беше предупредување од трето ниво од вкупно пет на европската скала за опасност од лавини.

Би можело да ве интересира

Лавини на Алпите, петмина загинати

А1он

Пронајдени се телата на двајца хрватски планинари на Алпите

Падна првиот снег на Алпите

А1он

(ВИДЕО) Се урна глечер, затрупа швајцарско село евакуирано пред неколку дена

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето