Фудбалерот на Ал Наср од Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, продолжи со штрајкот и ќе го пропушти вториот натпревар по ред на клубот, објави денес „Скај њуз“.
41-годишниот Португалец наводно штрајкува бидејќи верува дека неговиот клуб Ал Наср е финансиски инфериорен во однос на Ал Хилал, кој неодамна го потпиша Карим Бензема.
И двата клуба се во сопственост на државниот фонд на Саудиска Арабија, кој инвестираше огромни суми пари во последните години за да донесе големи ѕвезди во земјата, како дел од проектот за зајакнување на лигата и производство на најквалитетни домашни играчи пред Светското првенство во 2034 година во земјата.
