СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

Од:

Како во мафијашки филм, Македонија ја тресе огромен картелски скандал до 5 тони дрога, излегуваат слики на Мицкоски во друштв со криминалци, видео како Симе пука од автоматска пушка калашников, фрчат криминални тендери. И додека ова се случува нема одговори за главните прашања, велат од СДСМ.

„Како 5 тони дрога поминале граница, кој е замешан, кој ќе одговара? Со денови нема одговори ниту на прашањата за поврзаноста на Симе криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари кој има албум со слики со Мицкоски. Свиркачи до СДСМ доставија и видео на кое се гледа како Симе пука со калашников и повторно нема никаква реакција на ниту една институција.

Зошто сите молчат за Симе? Кој го штити? Со кои други функционери од ВМРО има релации криминалецот Симе? Дали е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко? Кој е Перо со прекар Смрт? Дали поради ова се штити Симе и нема одговор на ниту едно прашање, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски