Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

Од:

Болница во Барселона денес објави дека извршена е револуционерна трансплантација на лице, прва во светот во која донорот го понуди своето лице пред да се подложи на асистирано умирање.

Сложената процедура е извршена во престижната болница Вал д’Хеброн во текот на есента 2025 година, но точниот датум не е откриен за да се заштити приватноста, пишува Ројтерс.

Пациентката, идентификувана само како Карме, страдала од некроза на ткивото на лицето предизвикана од бактериска инфекција по убод од инсект. Состојбата ѝ го отежнувала зборувањето, јадењето и гледањето.

На прес-конференцијата денеска таа рече дека се опоравува многу добро.

„Кога се гледам во огледало дома, се чувствувам како повторно да почнувам да изгледам како себеси“, рече Карме.

За вакви процедури, кои бараат трансплантација на лице, потребно е донорот и примателот да бидат од ист пол, од иста крвна група и да имаат слична големина на главата.

Операцијата вклучуваше трансплантација на комплексно ткиво од централниот дел на лицето, а во неа учествуваа околу стотина експерти, вклучувајќи психијатри и имунолози.

Координаторката за трансплантација на болницата, Елизабет Навас, рече дека донаторот покажал „зрелост што ве остава без зборови“.

„За некој што решил да го заврши својот живот да му посвети една од своите последни желби на целосен странец и да му даде втора шанса како оваа, тоа е навистина неверојатно“, рече Навас.

Шпанија, со население од 49,4 милиони жители, е светски лидер во трансплантацијата на органи повеќе од три децении. Покрај тоа, во 2021 година стана четвртата земја во Европската Унија што ја легализираше еутаназијата.

Според владините податоци, во 2024 година, 426 лица добија асистирано умирање.

Половина од шесте трансплантации на лице некогаш извршени во Шпанија биле извршени од персоналот на болницата Вал д’Хеброн.

Би можело да ве интересира

Таткото и донираше бубрег и дел од црниот дроб на својата 7 годишна ќерка – операцијата траеше 18 часа

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

На Клиниката за ортопедија во Скопје извршена е најсложената трансплантација на коска

А1он

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Горан Наумовски

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено