Еден маж е убиен, а друг е ранет во пукотница во Јужен Лос Анџелес. Пукањето се случи околу 20.15 часот по локално време, соопшти полицијата во Лос Анџелес.
Полицијата соопшти дека двете жртви, на возраст од 19 и 25 години, стоеле пред куќа кога двајца осомничени застанаa, излегoa од автомобил и отвориja оган.
Еден од мажите е застрелан во глава и почина на местото на настанот, соопшти полицијата. Другата жртва е однесена во болница во стабилна состојба откако е застрелана во телото. Ниту една жртва сè уште не е идентификувана.
Детективи од Одделот за грабежи и убиства на Полициската управа на Лос Анџелес е повикана на местото на настанот за да ја преземат истрагата. Тие немалаат информации за осомничените, ниту за возилото што се користеше во инцидентот или пак за мотивот.