ВИДЕО: Русите нападнаа породилиште во Украина, повредени се бремени жени

Од:

Руските сили нападнаа породилиште во Запорожје, град во јужна Украина, при што беа повредени најмалку шест лица, изјави гувернерот. Гувернерот, исто така, објави снимки од местото на настанот на кои се гледа оштетена зграда со скршени прозорци и чад што се издига од неа, објави „Киев Индепендент“.

Две бремени жени кои биле на лекарски прегледи во времето на рускиот напад се меѓу повредените, рече Федоров. „Нападот врз породилиштето е уште еден пример за војна против животот“, рече гувернерот.

За време на инвазијата, руските сили постојано ги напаѓаа породилиштата, заедно со друга цивилна инфраструктура. Во нападот врз Вилњанск во Запорожјето во 2022 година, беше убиено машко бебе старо два дена.

Најновиот напад врз Запорожје доаѓа во време кога Русија ја засилува својата офанзива во јужниот регион, редовно извршувајќи напади во областа.

Нападот се случи во време на обиди за преговори за мировен договор меѓу Украина, САД и Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп објави на 29 јануари дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во нападите врз украинските градови. Сепак, Москва подоцна појасни дека ова се однесува само на Киев и дека примирјето ќе трае до денеска, непосредно пред следниот студен бран.

Би можело да ве интересира

Песков: Изјавите на новиот украински командант ја потврди исправноста на „специјалната воена операција“

Предраг Петровиќ

Русија ја нападна изложбата на оружје кај Киев: Многу загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Европа договори нов удар за Путин: нови мерки за банки, нафта и „сенката флота“

ВИДЕО: Која е целта на нападите на Украина на „рускиот амазон“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огромни пожари избувнаа по украинските напади на територија на Русија и на Крим

Катерина Ѓуровски

Разрешениот началник на украинската армија ја испрати последна порака до украинскиот народ

Катерина Ѓуровски