Обид за шверц од Белгија во Италија – Нигеријка проголта 121 капсула со дрога

Од:

Нигеријка (28) која живее во северна Италија е уапсена во Тревизо откако се обиде да прошверцува 121 капсула хероин и кокаин во своето тело со лет на „Рајанер“ од Брисел.

Полицијата се посомнева поради екстремната нервоза што ја покажа по слетувањето, пишува „Ил Месаџеро“.

Жената е запрена од карабинери на улицата Ноалезе, во близина на меѓународниот аеродром „Антонио Канова“ во Тревизо, не долго откако слета од Брисел.

За време на проверката, патничката покажа очигледни и необјасниви знаци на нервоза, поради што полицајците одлучија да извршат подетална проверка.

Таа беше однесена во полициската станица, каде што призна дека претходната ноќ проголта околу 121 капсула со дрога за да ги избегне граничните контроли.

Нејзината изјава веднаш беше потврдена во болница, каде што медицинските и дијагностичките прегледи потврдија присуство на бројни туѓи тела во абдоминалната празнина.

За време на постапката за вадење, која беше спроведена под постојан медицински надзор, од нејзиното тело беа извадени вкупно 121 капсула.

Тие содржеа кокаин и хероин со вкупна тежина од околу 1,2 килограми.

Жената, која претходно нема полициско досие, беше уапсена и, по наредба на судските власти во Тревизо, по прегледите е префрлена во затворот во Венеција.

Би можело да ве интересира

Притвор за полицајците и цариниците кои беа уапсени за шверц на дрога

А1он