Една жена тврди дека веганската исхрана имала толку лош ефект врз нејзиното здравје што се префрли на исхрана базирана само на месо.
Денес, таа го започнува утрото со стек и вели дека, барем според нејзиното искуство, тоа е единствениот начин да се чувствува подобро.
Станува збор за 24-годишната Кристина Дан од САД, која се префрли од исхрана базирана на растенија на таканаречена месојадна исхрана, бидејќи верува дека ова е најдобриот начин на исхрана за луѓето.
„Страдав од тешки проблеми со варењето, хормонски проблеми и цистични акни“, рече таа.
„Веганството брзо го уништуваше моето тело. Знаев дека морам фундаментално да променам нешто“ порача Кристина.
Претходно, тврди таа, не јадела до попладне, а потоа јадела еден или два големи оброци пред спиење.
Денес, јаде многу месо во текот на денот, а вели и дека понекогаш јаде сурова храна од животинско потекло.
Кристина проценува дека јаде околу два килограми месо дневно.