(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Од:

Според романските медиуми, на само околу 80 километри од границата со Србија, во близина на Темишвар, се случи голема сообраќајна несреќа во која загинаa седум навивачи на ПАОК.

Грците беа на пат кон натпреварот од Лигата на Европа што нивниот тим го игра против Лион во Франција во четврток.

Како што може да се види на видеото, комбе со навивачи на ПАОК престигнало возило, а потоа без јасни знаци се префрлило во спротивната лента од камионот. На интернет кружи ужасно видео, кое го прикажува моментот на судирот и како комбето буквално се распаѓа за секунда.

Тројца навивачи ја преживеале несреќата. По несреќата се појави и видео, на кое се гледа комбето покрај автопатот, кое е непрепознатливо, а полицијата и брзата помош веднаш излегоа на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски