ВИДЕО: Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница

Од:

Свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид на Клиничка болница-Штип, по што оградата и земјата се свлекле врз две возила со скопска и велешка регистерска табличка.

Ката Крстевска од Велес, која утринава дошла на преглед во Клиничка болница во Штип вели дека го оставиле возилото и тргнале кон болницата и наеднаш само слушнале врева и виделе дека ѕидот паднал врз возилото.

– Паркиравме возилото и само што појдовме на нагорнината слушнавме и кога дојдовме, кога видовме тука страшно. Среќа се поправа, само да се живи и здрави децата, вели Крстевска.

На местото на настанот излегоа од СВР Штип за регулирање на сообраќајот на улицата Љубен Иванов“, која води кон главниот влез на болницата. Простотот беше исчистен од страна на екипи од ЈП „Стипион“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огромно свлечиште зафати град во Сицилија: Луѓето итно се евакуирани

Горан Наумовски

Штипјанец откако дозна дека почина татко му, кршеше стакла и инвентар во болницата

Четири куќи во Шипковица се загрозени од свлечиште, жителите се советувани да ги напуштат домовите

Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот

После изборите 18 лекари и здравствен персонал ќе ги добијат решенијата за вработување во штипската болница

60-годишен болничар од Штип допирал малолетничка од Радовиш